• четврток, 02 април 2026

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 22 октомври 2023 (МИА) - Во Битола денеска полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишиле од слобода Е.А.(31) и Ѓ.В.(30) од Битола. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во земјоделски комбинат во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а извршиле и оштетување на дел од објектот. Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против истите ќе биде поднесена кривична пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против З.М.(60) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.08.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Пехчево, при што пронашле и одзеле повеќе парчиња пиротехнички средства, марихуана, две саксии со растението канабис и повеќе исушени гранки од растението канабис. 

Ноќеска (22.10.2023) во 01.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово, во угостителски објект во Тетово, сопственост на Е.Х.(21) од Тетово, биле затекнати 10 малолетници после полноќ, спротивно на законски дозволеното време. На сопственикот му бил изготвен соодветен поднесок, а малолетниците биле предадени на нивните родители. 

Денеска (22.10.2023) во 00.30 часот во СВР Скопје С.В.Ф.(42) од Канада пријавил дека на 21.10.2023 околу 22.15 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Е.(24) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

Денеска (22.10.2023) во 01.30 часот во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово била приведена Џ.Б.С.(21) од Р.Бугарија, поради непријавен престој во Република Северна Македонија. Таа била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

На 21.10.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.А.(33) и С.С.(39), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 21.10.2023 во 20.00 часот во Спортско рекреативниот центар „Кале“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради тоа што за време на одржување на кошаркарски натпревар агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа физички нападнал еден од нив додека извршувал службени дејствија. Исто така, за време на кошаркарскиот натпревар биле приведени и С.С.(37), М.Д.(34), Л.Л.(21), Л.Г.(19) и А.К.(21), сите од Скопје, поради непочитување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. По целосно документирање на случајот против сите ќе следува соодветен поднесок. 

На 21.10.2023 во 21.00 часот во тетовско полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.Б.(46), поради тоа што физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска (22.10.2023) во 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Ј.(40) и М.М.(36), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 21.10.2023 во 17.00 часот Н.А.(65) од Тетово пријавил дека околу 15.00 часот во Тетово бил физички нападнат од неговиот роднина М.А.(50). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 21.10.2023 во 01.30 часот во с.Просениково, Струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.М.(40) од истото село, поради тоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

На 21.10.2023 во 13.00 часот било пријавено дека на место викано „Градиште“, атар на село Бусилци, општина Чашка, настанал пожар во кој биле опожарени сува трева и нискостеблеста шума. Од Територијалната противпожарна служба Велес пожарот бил изгаснат, а полициски службеници излегле на лице место. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 21.10.2023 во 15.10 часот во СВР Скопје 45-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг С.П.И.(50) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 21.10.2023 во 10.00 часот Е.П.(34) од с.Десово пријавил дека на 20.10.2023 околу 23.00 часот во населбата „Тризла“ во Прилеп, по претходна сообраќајна незгода, бил физички нападнат од Љ.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.10.2023 во 18.20 часот Б.С.(52) од с.Лажани пријавил дека во истото село, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот сосед М.П.. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 21.10.2023 во 10.48 часот било пријавено дека во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.С.(69) и неговиот сосед С.Ѓ.(74), двајцата од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против О.Т.(31) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.10.2022 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана, метамфетамин и дигитална вага со траги од марихуана. 

На 21.10.2023 во 11.30 часот З.А.(29) од с.Долна Бањица, Гостиварско, пријавил дека во Гостивар бил физички нападнат од Ф.Ј.(54) од Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска (22.10.2023) во 02.00 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Ј.(60) од Куманово, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 21.10.2023 во 17.30 часот О.М.(56) од Битола пријавила дека околу 16.00 часот во Битола едно лице со употреба на сила ѝ одзело паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 20.10.2023 во 11.00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор - Скопје било пријавено дека на 19.10.2023 околу 14.30 часот во ќелија, по претходно недоразбирање,  настанала физичка пресметка помеѓу двајцата притвореници, Ш.Ф. и А.М.. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ј. (30) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 05.04.2023 во Скопје, на улица „Воин Драшкоци“ од полициски службеници при извршен преглед кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана. 

На 21.10.2023 во 18.00 часот В.А.(67) од Прилеп пријавила дека околу 17.00 часот во Прилеп две лица со употреба на физичка сила ѝ одзеле два паричници во кои имало пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. мд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан