• недела, 19 мај 2024

Мбапе сака да игра на Олимпијадата во Париз, Реал не е многу среќен, но нема да му забрани

Мбапе сака да игра на Олимпијадата во Париз, Реал не е многу среќен, но нема да му забрани

Мадрид, 6 февруари 2024 (МИА) - Килијан Мбапе ќе игра на Олимпијадата во 2024 година и покрај незадоволството на Реал Мадрид.

По Европското првенство што ќе се игра оваа година, напаѓачот на Пари Сен-Жермен има намера да учествува на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Париз, кој ќе се одржи од 24 јули до 10 август.

Според „El Debate“, Реал Мадрид, идниот клуб на Французинот, не е многу среќен затоа што Мбапе сака да игра на Олимпијадата, но нема да му забрани да го прави тоа и покрај преголемиот обем на работа на фудбалерот.

Доколку Мбапе биде дел од Олимпијадата, ќе пропушти одреден подготвителен период со мадридскиот клуб пред почетокот на сезоната 2024/25. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан