Маринакис: Остануваат во зголемена готовност болниците во Солун и Атина
- Одделенијата за изгореници во соодветните здравствени установи во Солун и Атина, продолжуваат да бидат во состојба на зголемена подготвеност, посочи портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, осврнувајќи на грчката помош за нашата земја за повредените во трагичниот пожар во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 20 март 2025 (МИА) – Одделенијата за изгореници во соодветните здравствени установи во Солун и Атина, продолжуваат да бидат во состојба на зголемена подготвеност, посочи портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, осврнувајќи на грчката помош за нашата земја за повредените во трагичниот пожар во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина.
- Здравствениот оперативен центар на Националниот центар за итна помош во рамките на оперативното планирање за управување со транспортот и лекување на повредени со изгореници, продолжува да ги одржува во состојба на зголемена подготвеност Одделенијата за изгореници во соодветните здравствени установи во Солун и Атина, рече Маринакис.
Дополнително, потсети дека во моментов вкупно 12 повредени со изгореници се хоспитализирани во Грција, објаснувајќи детално дека шест се во Општата воена болница 401 во Атина, еден во Општата воена болница на воздухопловството во Атина, три во Општата болница во Солун „Јоргос Папаниколау“ и двајца во Општата воена болница 424 во Солун. ср/нд/
Фото: МИА архива