• петок, 22 ноември 2024

Манчини: По ЕП реков дека и Италија треба да го освои СП, неуспеавме, но ќе продолжиме да мислиме дека ќе бидеме шампиони

Манчини: По ЕП реков дека и Италија треба да го освои СП, неуспеавме, но ќе продолжиме да мислиме дека ќе бидеме шампиони
Рим, 11 јули 2022 (МИА) – Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини ги сподели своите сеќавања од освојувањето на Евро 2020. - Направивме чудо, но не е само Европското првенство, туку и фактот што игравме одлично три и пол години. Се случува да го освоиш првенството, бидејќи за еден месец се оди добро, но тоа не е така. Изминавме долг пат, одигравме многу важни натпревари, не само оние седум. Откако бев назначен за селектор, имав цел да ги освојам Светското првенство и Еврото. Пред една година, држејќи го трофејот во рака, си реков дека треба да го освојам и следниот турнир. Размислував за Светското првенство, но очигледно овојпат не успеавме. Сепак, ќе продолжиме да мислиме дека ќе станеме шампиони, изјави Манчини. Обзнани дека сакал да поднесе оставка по елиминацијата во полуфиналето во баражот од македонската репрезентација, но и пред тоа. - Сакав да заминам и по еврото и откако ги загубив квалификациите за Светското првенство во 2022 година. Особено во вториот случај. Ситуацијата не беше лесна. По почетокот на Светското првенство ме чека многу непријатен месец, потенцира Манчини. зс/

Остани поврзан