• петок, 05 декември 2025

Манчестер јунајтед ја освои Летната серија во Премиер лигата

Манчестер јунајтед ја освои Летната серија во Премиер лигата

Атланта, 4 август 2025 (МИА) - Манчестер јунајтед ја освои Летната серија во Премиер лигата, која се одржа во САД.

На турнирот учествуваа Манчестер јунајтед, Евертон, Вест Хем и Борнмут. 

Тимот предводен од тренерот Рубен Аморим го освоија првото место со 7 бода, Вест Хем беше втор, а Борнмут трет.

Манчестер јунајтед ќе игра против Фиорентина во својот следен пријателски натпревар на 9 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан