• петок, 18 јули 2025

Манчестер јунајтед донесе парагвајски тинејџер

Манчестер јунајтед донесе парагвајски тинејџер


Манчестер, 5 јули 2025 (МИА) – Премиерлигашот Манчестер Јунајтед потпиша денеска договор младинскиот репрезентативец на Парагвај, Диего Леон, јави агенцијата ДПА.
Осумнаесетгодишниот парагвајски дефанзивец е второто засилување на Јунајтед ова лето по доаѓањето на напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња.
Леон доаѓа од парагвајскиот клуб Серо Портењо за кој одигра 33 натпревари и постигна четири голови.
„Диего Леон наполни 18 години во април и како талент во подем ќе биде поддржан од првиот тим и академијата додека се етаблира во Манчестер. Добредојде во Јунајтед, Диего“, објави клубот од „Олд Трафорд“. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан