• среда, 10 јули 2024

Манчестер сити подготвен да ги обнови договорите со Фоден и Стерлинг

Манчестер сити подготвен да ги обнови договорите со Фоден и Стерлинг
Манчестер, 8 април 2021 (МИА) - Манчестер сити работи на продолжување на договорот со играчите од средниот ред Рахим Стерлинг и Филип Фоден, соопшти „Еуроспорт“. Според изворот, „граѓаните“ преговараат со двајцата фудбалери. Се известува дека Стерлинг сè уште не е во можност да се договори со клубот за условите на договорот. Фоден е близу до потпишување договор. Договорот на 31-годишниот Англичанец со Сити е со важност до летото 2023 година. Договорот на 20-годишниот Фоден трае до 2024 година. зс/

Остани поврзан