• понеделник, 23 декември 2024

Руските спортисти сами ќе одлучуваат за олимпискиот настап

Руските спортисти сами ќе одлучуваат за олимпискиот настап


Москва, 10 јули 2024 (МИА) – Руските спортисти кои имаат покана за настап на Олимписките игри во Париз мора самите да одлучат дали ќе одат таму или не, изјави денеска портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, цитиран од агенцијата ТАСС.
Воедно тој повика на почитување на одлуките и договорите што ги имаат одредени спортски федерации.
„Ова е одлука на секој спортист. Секој самостојно донесува такви одлуки“, одговори претставникот на Кремљ на новинарско прашање за учеството на спортисти од Русија на претстојните Олимписки игри.
„Што се однесува до оние кои имаа можност и не отидоа, секоја федерација има свои околности, свое колективно мислење, свои колективни одлуки и тоа мора да го третираме со почит“, додаде Песков.
Олимписките игри во Париз се на програмата од 26 јули до 11 август. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан