• четврток, 11 јули 2024

Спинацола официјално во Наполи

Спинацола официјално во Наполи


Неапол, 10 јули 2024 (МИА) – Калчолигашот Наполи денеска официјално го објави трансферот на италијанскиот фудбалски репрезентативец Леонардо Спинацола (31) од ривалот Рома.
„Леонардо е горд што е еден од нас!“, објави Наполи на социјалните мрежи.
Спинацола, кој зад себе има 24 натпревари во италијанскиот дрес, беше клучен дел од тимот што го освои Евро 2020. Тогаш беше именуван во идеалниот тим на турнирот, но беше изоставен од тимот на Италија за актуелното ЕВРО2024.
Левиот бек беше дел од Рома во последните пет сезони и ја освои Конференциската лига во 2022 година под водство на Жозе Мурињо.
Спинацола ја почна својата кариера во Јувентус и ја освои титулата во Серија А во сезоната 2018/2019. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан