• четврток, 04 декември 2025

Лидс е подготвен да му понуди на Милан 21 милион евра за Окафор

Лидс е подготвен да му понуди на Милан 21 милион евра за Окафор

Рим, 20 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Милан, Ноа Окафор, може да ја продолжи својата кариера во Лидс, објави „Скај Спортс Италија“.

Англискиот клуб е подготвен да понуди 21 милион евра за 25-годишниот Швајцарец.

Во февруари 2025 година, Окафор беше позајмен во Наполи. 

Минатата сезона фудбалерот одигра вкупно 21 натпревар, постигнувајќи еден гол и две асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан