• среда, 25 март 2026

Масовна тепачка меѓу навивачи на Борусија Д. И Хамбургер, над 150 приведени

Масовна тепачка меѓу навивачи на Борусија Д. И Хамбургер, над 150 приведени

 

Дортмунд, 22 март 2026 (МИА) – Повеќе од 150 лица се уапсени по масовна тепачка меѓу навивачите на Борусија Дортмунд и Хамбургер по натпреварот меѓу двата тима од Бундеслигата, соопшти денеска полицијата во Дортмунд.

Како што пренесува агенција ДПА, во инцидентот се лишени од слобода 152 лица, повеќето од нив навивачи на Хамбургер.

Сите се ослободени откако бил утврден нивниот идентитет и била поведена кривична постапка.

Според извештаите на германските медиуми, навивачите на Борусија Дортмунд нападнале автобуси што ги превезувале навивачите на Хамбургер по натпреварот во саботата, што довело до масовна тепачка на улиците. Повеќето од навивачите избегале кога полицијата пристигнала на местото на настанот.

Нема информации за повредени во инцидентот. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан