• недела, 22 декември 2024

Неизвесен настапот на Зверев на Игрите во Париз

Неизвесен настапот на Зверев на Игрите во Париз


Берлин, 10 јули 2024 (МИА) – Германскиот тенисер Александар Зверев поради повредата на левото колено би можел да ги пропушти претстојните Олимписки игри во Париз, каде треба да ја брани титулата освоена пред три години во Токио.
Зверев се лизна на тревата за време на дуелот од 3. коло против Британецот Камерон Нори во Вимблдон, но успеа да го добие тој меч за да се појави на теренот во мечот од 4. коло против Американецот Тејлор Фриц со завој околу левото колено.
Иако повреден, Зверев ги доби првите два сета, но потоа Фриц освои три сета по ред и се пласираше во четвртфиналето, додека Зверев очигледно си ја отежна повредата.
По мечот, коленото на Зверев беше толку отечено што лекарите мораа да извадат 40 милилитри крв и други течности, а неговиот брат и тренер Миша Зверев изјави дека е можно да има микроскопска фрактура на коската, што ќе го оддалечи германскиот играч подолго време од теренот.
Олимпискиот тениски турнир во Париз ќе се игра на терените на Ролан Гарос од 27 јули до 4 август. ег ФОТО:Икс

Остани поврзан