• недела, 22 декември 2024

ЛШ: Струга потклекна во финишот во Братислава

ЛШ: Струга потклекна во финишот во Братислава

 

Братислава, 10 јули 2024 (МИА) – Македонскиот фудбалски првак Струга со пораз ги стартуваше квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва загуби на гостувањето во Братислава од Слован со 4-2 (2-0).

Словачкиот шампион го искористи бледото издание на Струга во првото полувреме и со головите на Вајс во16 минута и Мак (36) замина на полувреме со висока предност.

Второто полувреме донесе многу поквалитетна игра на македонскиот првак што резултираше со израмнување на резултатот преку двојниот стрелец Ибраими. Најдобриот стрелец во историјата на македонската лига биеше прецизно од белата точка во 55 минута, а во 74 минута го постигна својот втор гол на натпреварот.

Македонскиот првак, сепак, не го издржа завршниот притисок на фудбалерите на Слован кои ја вратија предноста од првото полувреме со двата гола на Куцка (85, 90+1).

Реванш натпреварот меѓу Струга и Слован во рамки на првото квалификациско коло во ЛШ е на програмата идната среда во Охрид. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан