Борусија Дортмунд договори трансфер на Грос
- Играчот од средниот ред на премиерлигашот Брајтон, Паскал Грос е блиску до преселба во редовите на Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми.

Дортмунд, 10 јули 2024 (МИА) – Играчот од средниот ред на премиерлигашот Брајтон, Паскал Грос е блиску до преселба во редовите на Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми.
Според истите извори, раководството на Дортмунд ги договориле условите на договорот со 33-годишниот Германец.
Сумата на трансферот ќе биде меѓу седум и 10 милиони евра.
Минатата сезона Грос одигра 47 натпревари на кои постигна пет голови и додаде 13 асистенции. На Евро 2024, играчот од средниот ред настапи на еден натпревар за Германија која беше елиминирана во четвртфиналето од Шпанија. ег ФОТО: Фејсбук