• понеделник, 16 декември 2024

Макрон ќе ја посети Саудиска Арабија на почетокот на идниот месец

Макрон ќе ја посети Саудиска Арабија на почетокот на идниот месец

Париз, 15 ноември 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон ќе престојува во официјална посета на Саудиска Арабија на почетокот на следниот месец, јавија светските агенции, повикувајќи се на Елисејската палата.

Макрон ќе престојува во Саудиска Арабија од 2 до 4 декември. Посетата ќе биде на покана на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

„Оваа посета на земјата ќе биде повод за зајакнување на партнерството меѓу Франција и арапскиот свет“, се наведува во соопштението на француското претседателство. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан