• вторник, 14 април 2026

Иранското воено раководство ветува борба до конечна победа

Иранското воено раководство ветува борба до конечна победа

Техеран, 24 март 2026 (МИА) – Иранското воено раководство денеска ја отфрли можноста за компромис или капитулација во актуелната војна со САД и Израел, јави ДПА.

„Моќните ирански вооружени сили цврсто ќе го бранат суверенитетот на земјата и ќе продолжат по овој пат до конечна победа“, изјави Али Абдолахи Алиабади, портпарол на највисоката иранска воена команда, пренесоа иранските државни медиуми, пренесени од ДПА.

Алиабади е всушност началник на иранскиот Генералштаб  и тој командува со Централниот штаб на Хатам-ал Анбија, телото одговорно за оперативна команда во време на војна.сд/мс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан