• понеделник, 17 јуни 2024

„Македонски семејни винарии“ со успех на балкански вински настан

„Македонски семејни винарии“ со успех на балкански вински настан

Кавадарци, 9 јуни 2024 (МИА) - „Македонски семејни винарии“ со успех на балкански вински настан, трета година по ред вино од наша членка е прогласено за најубаво македонско вино што се натпреварува на фестивалот во Бугарија, информираа денеска од здружението со седиште во Кавадарци. 

- Ова е голем успех на „Mакедонски семејни винарии“. Третпат по ред на најголемиот вински настан на Балканот - BIWC, за најдобро вино од Македонија - best of show, е прогласено вино на мала семејна винарија. Првиот пат, винаријата „Брзанов“ освои награда за најдобро македонско црвено вино на натпреварот, потоа винарницата „Попови“, сега на оценувањето, најмногу поени освои вино на „Илиев“ винаријата, соопштија од Здружението. 

Оттаму нагласија дека проектот за развој на мали семејни винарии ги покажува резултатите на меѓународната сцена. свд/бд/

Фото: Фејсбук на „Македонски семејни винарии“

Остани поврзан