• вторник, 22 октомври 2024

Професорот Ратомир Грозданоски ќе има предавања на Универзитетот во Загреб

Професорот Ратомир Грозданоски ќе има предавања на Универзитетот во Загреб

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Професорот Ратомир Грозданоски во текот на седмицава ќе одржи предавања на Универзитетот во Загреб. Тој ќе говори пред студентите и професорите на Факултетот за филозофија и религиски науки на тема за Верата во модерното време – предизвици, а потоа и во Центарот за проучување на односот меѓу науката и религиите насловено: Верата и знаењето.

Централното вечерното предавање на Универзитетот пред академската јавност ќе биде на Католичкиот богословски факултет со наслов: Мудроста и Премудроста Божја според свети апостол Павле. Тој ќе оствари средби со деканите и професорите на факултетите, а ќе присуствува и на културни настани во Загреб и ќе посети значајни места и културно - историски обележја.

-За професорот Ратомир Грозданоски, протоѓакон и долгогодишен секретар на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, централно место во Загреб е и Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, која, како што вели, е од особено значење и за нив кои се таму, а и за сите што се во Македонија, стои во соопштението. Затоа, со благослов на митрополитот европски Пимен ќе отслужи и вечерна богослужба, а потоа ќе одржи предавање во црковната сала, на тема: Разумот и верата – маловерието според Евангелието. сст/вг/

фото: веб-страница на Ратомир Гроздановски

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан