• недела, 22 декември 2024

Македонските фудбалерки во очекување на утрешната жрепка во Лигата на нации

Македонските фудбалерки во очекување на утрешната жрепка во Лигата на нации


Нион, 6 ноември 2024 (МИА) – Македонската женска сениорска фудбалска репрезентација утре со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ќе ги дознае противниците за групната фаза во второто по ред издание на Лигата на нации кое ќе стартува идната пролет.
Македонската репрезентација жрепката ја чека од третиот шешир во Ц дивизијата во кој се и Естонија, Литванија, Казахстан, Кипар и Молдавија.
Формирани ќе бидат три групи со по четири и три групи со по три репрезентации.
Женската Лига на нации ќе стартува на 19 февруари 2025 година, а групната фаза ќе финишира идниот јуни.
Првопласираните репрезентации во шесте групи во Ц дивизијата ќе обезбедат пласман во Б дивизијата, а двете најдобро второпласирани селекции ќе играат плејоф. ег

ФОТО: ФФМ

 

Остани поврзан