• сабота, 20 јули 2024

Македонскиот филм „Врзани“ дел од селекцијата на „European Short Pitch“

Македонскиот филм „Врзани“ дел од селекцијата на „European Short Pitch“

 Скопје, 26 февруари 2024 (МИА) - Краткометражниот игран филм „Врзани“ - режисерското деби на македонската актерка Сара Климоска е дел од селекцијата на престижниот „European Short Pitch“ програм, чија финална фаза ќе се одржува од 26 до 29 февруари во Рен во Франција.

Од 2007 година дел од овој програм биле стотина филмови од краток формат кои потоа остваруваат успеси и премиерни прикажувања низ светските фестивали како Кан, Берлинале, Локарно, Санденс. Од илјадници апликации секоја година, „European Short Pitch“ издвојува вкупно 12 проекти од исто толку европски земји.

-Програмот има за цел да ги развие, вмрежи во копродукции и дистрибуција, како и да ги промовира филмските остварувања при понатамошниот тек на реализација, соопштија од продукциската куќа.

Продуцент на филмот „Врзани“ е Вардан Тозија и продукциската куќа „Унита Филм“.бт/са/

Фото: „Унита Филм“

Остани поврзан