• петок, 22 ноември 2024

Македонскиот режисер Оливер Мицевски со премиера во Копенхаген

Македонскиот режисер Оливер Мицевски со премиера во Копенхаген

Скопје, 29 јануари 2024 (МИА) - Режисерот Оливер Мицевски вчеравечер ја имаше својата втора премиера во реномираниот Хусет театар во Копенхаген, Данска.

Пред данската публика синоќа беше одиграна претставата „4.48 Психоза“ по текстот на британската драмска авторка Сара Кејн. Текстот ја обработува темата на самоубиството и депресијата и е еден од најпоставуваните драмски текстови во светот.

Постановката на Оливер Мицевски на „4.48 Психоза“ е пресврт од постојните толкувања на текстот кој наметнува многу предизвици со својата комполексност и мистичност. „4.48 Психоза“ на Мицевски е ода за животот, за вродениот порив и страст  за живот дури ки среде најмрачниоте премрежја.

Во оваа претстава Мицевски ја продолжува долгогодишната соработка со Жанета Вангели, професорка на ФЛУ во Скопје, која беше задолжена за визуелнмиот дел. Сите билети за репризите на оваа претстава се веќе однапред распродадени, a планирани се и низа гостувања низ Европа. дма/нд/

Фото: Плакат

Остани поврзан