Изложба на етно накит „Игра со стаклени монистра“ во Галерија „Ко-Ра“
- Во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во Галеријата „Ко-Ра" ќе бид еотворена изложба на етно накит „Игра со стаклени монистра".
Скопје, 18 јуни 2025 (МИА) - Во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во Галеријата „Ко-Ра" ќе биде отворена изложба на етно накит „Игра со стаклени монистра".
Истовемено ќе се биде одржана и работилница за изработка на етно накит, проект во соработка со Културниот центар од Сесвете во Загреб.
Накитот што ќе биде изложен го изработиле Винка Марековиќ водителка на курсот, Мира Халапа и Марија Обад - повеќегодишна учесничка на курсот за изработка на етно накит во Центарот за култура Сесвете.
Водителки на овој проектот се Вјекослава Дамјановиќ, дипломиран етнолог и историчар на уметноста и Виолета Калиќ, дипл. историчар на уметноста со археологија.
Проектот е поддржан од Град Скопје, Град Загреб, од Државната централна канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска и од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин"- Скопје.
На отворањето на изложбата настап ќе има ХМД „Кочо Рацин“ - Скопје, под диригентска палка на Ангела Рајчиноска.са/ев/
Фото: МИА архива