Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада
- Маж вооружен со нож утрово се обидел да влезе во зграда каде се сместени административните служби на белгискиот премиер, но бил оневозможен во намерата и совладан од припадници воената полиција.
Брисел, 6 јануари 2025 (МИА) – Маж вооружен со нож утрово се обидел да влезе во зграда каде се сместени административните служби на белгискиот премиер, но бил оневозможен во намерата и совладан од припадници воената полиција, јави дописникот на МИА од Брисел.
- Можеме да потврдиме дека околу 10:00 часот денеска, еден маж е уапсен пред владината зграда, соопшти бриселската полицијата.
Директорот на Службата за односи со јавноста на премиерот Александер де Кро, Баренд Лејтс во изјава за весникот „Соар“ го потврди инцидентот.
- Лицето е однесено во полициска станица, изјави Лејтс, нагласувајќи дека при интервенцијата нема повредени полицајци.
Полицијата информира дека приведениот „наводно бил вооружен со нож“ и упатувал закани кон присутните припадници на воената полиција, кои го совладале.
- Неговите мотиви засега се нејасни, се наведува во полициското соопштение, при што се додава дека во тек е полициска истрага за случајот.
Идентитетот на приведениот засега не е соопштен. сп/
Фото: МИА Архива