• понеделник, 29 април 2024

Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија

Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, на 6 ноември ќе диригира во Грузија, каде што ќе настапи заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Тбилиси. Имери Илкоска, доби специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, кој секоја година од 2 до 6 ноември се одржува во Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“.

На концертот, заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, како солисти ќе настапат тројцата  пијанистите со зад себе завидна кариера: Давид Аладашвили (Грузија), Мариана Ахба (Грузија/Франција) и Луис Швицгебел Ванг (Швајцарија), а  ќе бидат изведени и, уверирата од „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, Концертот за две пијана од Моцарт, како и Концертот за две пијана од Франсис Пуланк.

-Со нетрпение го очекувам моето гостување во Тбилиси, пред се, поради тоа што ме очекува соработка со врвни солисти и престижниот оркестар кој ме покани со концерт свечено да го затворам Камерниот фестивал за класична музика. Ваквите покани за мене се потврда дека она што го работите со огромна љубов, посветеност и стремеж кон вистински квалитет, надалеку се слуша и не може да остане незабележано, вели маестра Имери Илкоска. љм/дма/

Фото:Плакат

Остани поврзан