Танцов перформанс „БЛОТ“ вечер во МКЦ
- Во соопштението се истакнува дека слободен е влезот за перформансот наменет за лица над 16 години, а фотографирањето за време на настанот е забрането.

Скопје, 11 јуни 2025 (МИА) - Танцов перформанс „БЛОТ“ (Body line of thought) на „Тангај колектив“ (Tangaj collective) во рамки на „Перформанс платформа фестивал #ППФ2025“ - јунска едиција ќе се реализира вечер со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат организаторите на настанот.
Во соопштението се истакнува дека слободен е влезот за перформансот наменет за лица над 16 години, а фотографирањето за време на настанот е забрането.
- Во текот на изминатите години, перформансот беше изведен на фестивали низ Романија, Канада, Мексико, Шведска, Полска и Бугарија, стекнувајќи признание на престижни меѓународни платформи. Особено се издвојува учеството во официјалната програма на Internationale Tanzmesse 2024 како една од 20-те селектирани изведби, како и изборот во топ 10 продукции на Moving Balkans. Во 2025 година перформансот ќе биде изведен во девет земји низ Балканот и Централна Европа, како дел од проектот Body Landscapes. An Ecofeminist Perspective, поддржан од Perform Europe. Наесен во 2025 година, BLOT ќе замине на турнеја низ шест градови во Канада и во САД, се појаснува во соопштението.
Оваа изведба е овозможена со поддршка од Perform Europe, како дел од проектот „Body Landscapes. An Ecofeminist Perspective“, Министерство за култура на Република Северна Македонија и Фондацијата „Хајнрих Бел“. бд/дма/
Фото: Постер / локомотива.орг.мк