• четврток, 26 март 2026

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложбата „Живи артефакти- (АР)тистика", белградска публика покажа исклучителен интерес

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложбата „Живи артефакти- (АР)тистика

Белград, 11 јуни 2025 (МИА) - Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград синоќа беше отворена изложбата „Живи артефакти- (АР)тистика", за која бројната белградска публика покажа исклучителен интерес. 
   
Изложбата поддржана од Министерството за култура и туризам ја отвори директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров, а авторот на изложбата Филип Јовески и лично им демонстрираше на посетителите, како преку своите мобилни уреди да уживаат во необичниот, но, складен спој, помеѓу македонските традиционални мотиви и орнаменти во еден новоосвоен простор од проширена или аугментирана реалност, каква што овозможува новово време и новите алатки на дигиталната технологија.

Посетителите ќе можат да ја погледаат изложбата и во присуство на авторот, до 16 јуни. зш/

Остани поврзан