• петок, 05 декември 2025

Постхумна промоција на научно дело на Кирил Трајковски

Постхумна промоција на научно дело на Кирил Трајковски

Скопје, 11 јуни 2025 (МИА) - Националниот археолошки музеј во соработка со Фондацијата „Кирил Трајковски“, денеска ја организира постхумната промоција на капиталното научно дело на Кирил Трајковски, насловено „Епископијата на Брегалница и Моробисдон (VII – XIV век)”.

- Оваа монографија е резултат на децениска теренска и кабинетска работа, инспирирана од стремежот на авторот да ги обедини археолошките, историските и христијанските извори за еден од најзначајните духовни и културни центри на источното подрачје на денешна Македонија. Со прецизна анализа и стручна посветеност, Трајковски успеа да ги расветли улогата и значењето на епископијата во Моробисдон и да го позиционира во пошироката рамка на византиската и средновековната историја. Во предговорот на изданието, Паско Кузман го истакнува трудот на Трајковски како редок пример на синтетичка научна мисла што рамноправно се потпира на теренски археолошки факти и историско-критичка анализа. Делото претставува не само научен подвиг, туку и историски сведок за еден истражувачки живот исполнет со посветеност, методологија и искрена љубов кон археологијата, се наведува во соопштението од организаторите.

Приредувач на изданието е Ана Јорданова -Дубровска. Промотори на книгата се проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс и Паско Кузман. бд/дма/

Фото: Соопштение

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан