• петок, 26 април 2024

Лукашенко во работна посета на Москва

Лукашенко во работна посета на Москва

Москва, 11 април 2024 (МИА) – Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска пристигна во Москва.

Тој е придружуван од првата белоруска жена космонаут Марина Василева, која денеска беше одликувана со медал Херој на Белорусија.

За денеска предвидена е средба на Лукашенко со претседателот на Русија, Владимир Путин, а утре заедно ќе присуствуваат на настани по повод Денот на космонаутиката.

Предвидено е Путин и Лукашенко да разговараат за регионалната и меѓународната ситуација, како и за координација на акциите како одговор на предизвиците и заканите. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан