• петок, 22 ноември 2024

Лопез: ГЕРБ да формира влада во сенка

Лопез: ГЕРБ да формира влада во сенка
Софија, 13 март 2022 (МИА) - ГЕРБ мора да формира влада во сенка, за да подготви антикризна програма за управување со Бугарија и да биде подготвена во секој момент да предложи решенија за управување, изјави во видео обраќањето генералниот секретар на Европската народна партија (ЕПП), Антонио Лопезпред делегатите на народното собрание на ГЕРБ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Лопез, ГЕРБ мора да работи за нова влада на Бугарија и мора да ја врати стабилноста, политичкиот и меѓуинституционалниот дијалог.  ГЕРБ мора да создаде услови за економска и социјална сигурност на граѓаните. Лопез беше категоричен дека партијата ГЕРБ, која владее со Бугарија повеќе од 10 години, мора да ја поддржува геополитичката ориентација на Бугарија како членка на ЕУ и НАТО. ми/

Остани поврзан