• четврток, 16 мај 2024

Локалните избори во БиХ ќе се одржат во октомври

Локалните избори во БиХ ќе се одржат во октомври

Сараево, 8 мај 2024 (МИА) – Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина на денешната седница донесе Одлука за распишување и одржување на локалните избори во 2024 година, кои треба да се одржат на 6 октомври.

Распишани се избори за 58 општински совети во Федерацијата БиХ, 53 општински собранија во РС, 111 градоначалници на општини во БиХ, 21 градски совет во Федерацијата БиХ, 10 градски собранија во РС, 32 градоначалници во БиХ и за Собранието на Брчко дистрикт.

ЦИК на БиХ го усвои и Упатството за роковите и редоследот на изборните активности за Локалните избори во 2024 година, јавија локалните медиуми. јт/

Остани поврзан