• четврток, 02 мај 2024

Локалната власт на Белград ќе донира по 20.000 динари за секој ученик

Локалната власт на Белград ќе донира по 20.000 динари за секој ученик

Белград, 16 април 2024 (МИА) – Вршителот на должност градоначалник на Белград, Александар Шапиќ најави дека родителите на учениците во основно и средно училиште ќе добијат по 20.000 динари (околу 170 евра), средства наменети за купување на учебници.

Градот Белград минатата година набави комплети учебници за сите ученици во основно и средно училиште.

- Одлучивме оваа година наместо учебници за основците и средношколци, што првпат го воведовме минатата година, да одиме чекор понатаму и да обезбедиме по 20.000 динари по дете, посочи Шапиќ.

Тој посочи дека сумата за помош на родителите е 15 проценти поголема од максималната вредност на комплет учебници. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан