• недела, 12 мај 2024

Локалитетите Пелистер и Вртушка засејани со елово семе

Локалитетите Пелистер и Вртушка засејани со елово семе

Битола, 7 март 2023 (МИА) - Екипи на ЈУ Национален парк „Пелистер“ - Битола извршија засејување со елово семе во локалитетите Пелистер и Вртушка.

Станува збор за редовна акција и грижа за планината, посебно деловите во кои шумскиот појас е разретчен и затоа се врши засејување со елово семе, посочуваат од ЈУ Национален парк „Пелистер“.

Во соработка со универзитетски професори од Природно математички факултет и Шумарски факултет, тимови на ЈУ Национален парк „Пелистер“ неодамна извршија и обележување на хабитатни и дрвја семењаци, за што експеритите приредија едукативен тренинг, информираат од тамошната јавна установа. мт/аа/

Фото: ЈУ Национален парк „Пелистер“

Остани поврзан