• понеделник, 01 јули 2024

Локализиран е и вториот пожар кај Брушани на Тиквешко Езеро 

Локализиран е и вториот пожар кај Брушани на Тиквешко Езеро 

Кавадарци, 14 август 2023 (МИА) - Локализиран е и вториот пожар кај Брушани на Тиквешко Езеро, утрово околу четири часот, откако претходно, синоќа беше локализиран и првиот пожар во тој дел.  

Од ЦУК денеска известија дека по целовечерна „борба“ на пожарникарите од Кавадарци и тим на „Национални шуми“, вториот пожар кај Брушани е локализиран  утрово и нема ангажман на воздухоплови, иако во текот на гасењето било во опција и барањето за ангажирање воздухоплови заради сериозноста на пожарот и заради непристапниот терен.

Во првиот пожар горела нискостеблеста шума и сува трева на површина од четири хектари. Во гаснењето на пожарот интервенирале шест пожарникари со две  возила од ТППЕ Кавадарци, четири лица со едно теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бор“ од Кавадарци.

Но потоа, во 21.30 часот, добиена била дојава дека повторно кај Брушани само на различно место од претходното, најверојатно бил препален пожарот  покрај Тиквешкото езеро. Интервенирале осум пожарникари со две возила и една екипа од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бор“ од Кавадарци. Пожарот се простирал на непристапен терен и горела смрека. 

- Ако интервенцијата на противпожарните единици не дала резултат, се очекувало  од градоначалникот од Општина Кавадарци да биде доставено барање до ЦУК за ангажирање воздухоплови за гаснење на пожарот. Известени се СИКС на МВР дека во моментот нема потреба од ангажирање на хеликоптери, известија од ЦУК. свд/дма/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан