• понеделник, 08 декември 2025

Лица од Велешта и Албанија краделе дрва од Јабланица, направиле штета од околу четири милиони денари

Лица од Велешта и Албанија краделе дрва од Јабланица, направиле штета од околу четири милиони денари

Струга, 6 октомври 2023 (МИА) - ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од струшкото село Велешта, против правен субјект од истото село и против Н.Ф.(41) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ на дрва и „пустошење шуми“. 

СВР Охрид денеска соопшти дека при контрола, извршена на 4 октомври на планинскиот врв „Стрижак“ на планината Јабланица, полициски службеници ги затекнале И.Б., сопственик на правниот субјект, и Н.Ф. при бесправна сеча на 178 метри просторни огревни дрва, сопственост на шумското стопанство „Јабланица“ во состав на ЈП „Национални шуми“.
Според информацијата, била предизвикана материјална штета од 3.920.721 денари. сс/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан