• петок, 22 ноември 2024

Лион го победи Манчестер сити и донесе француско-германски пресметки во полуфиналето на ЛШ

Лион го победи Манчестер сити и донесе француско-германски пресметки во полуфиналето на ЛШ
Лисабон, 15 август 2020 (МИА) – Лион е последниот тим кој обезбеди учество помеѓу четирите најдобри екипи оваа сезона во фудбалската Лига на шампион. Францускиот тим вечерва во Лисабон го совлада Манчестер сити со 3:1 и стана вториот тим од Лига 1 кој избори полуфинале во елитното натпреварување. Претходно тоа го стори и Пари Сен-Жермен. Ривали на француските екипи во следната рунда ќе бидат тимови од Германија, Лајпциг и Баерн. На вечерашниот дуел, последен од четвртфиналната фаза, стрелци на головите за Лион беа: Макси Корне (24. минута) и Муса Дембеле (79. и 87. минута). За Сити погоди Кевин Де Бруин во 69. минута. Во полуфиналето ќе се сретнат: Лајпциг – ПСЖ (18 август) Баерн Минхен – Лион (19 август). Двата натпревара ќе се играат во португалската престолнина Лисабон со почеток од 21 часот. зс/

Тагови

Остани поврзан