• недела, 19 мај 2024

Линдзи Лохан роди син

Линдзи Лохан роди син

Дубаи, 4 август 2023 (МИА) - Откако пред неколку дена стана мајка, Линдзи Лохан сподели фотографија од себеси по породувањето. На сликата, таа е облечена во куса маичка и лежерни домашни бермуди што го истакнуваат нејзиното постпородилно стомаче.

„Толку сум горда на она што ова тело можеше и го постигна овие месеци на бременост и сега следи закрепнување. Да се ​​има бебе е најголемата радост на светот!“, напиша Линдзи, меѓу другото, во описот.

Лохан лани се омажи за Бадер Шамас. Објави дека е бремена на Инстаграм во март годинава. Синот го роди во Дубаи, а му дадоа име Луаи. Глумицата живее во Обединетите Арапски Емирати од 2014 година.

Следниот нејзин филм е романтично-фантастичната комедија на „Нетфликс“ - „Ирска желба“ (Irish Wish), што би требало да се прикажува од оваа година.  си/сд/

Фото: Инстаграм, фотоисечок од објавата.

Остани поврзан