• четврток, 28 март 2024

Ликовна изложба на ,,Фотограми" од Стојанче Величковски во Делчево

Ликовна изложба на ,,Фотограми

Делчево, 24 март 2023 (МИА) - Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров",во Делчево отворена е ликовна изложба на експериментални фотографии „Фотограми" од авторот Стојанче Величковски од Крива Паланка. Изложбата е збирка од 50 дела од експериментална фотографија со поднаслов „Цртање со фотоапарат" која пред пандемијата беше поддржана од Министерството за култура и Центарот за култура од Крива Паланка. 

-Со експериментална фотографија се занимавам повеќе од 20 години, иако оваа збирка е направена како дел од моите искуства што траеле 15 години. Преблагодарен сум затоа што имаше преголем интерес од младите кон кои ја упатувам пораката да бидат истрајни во она што го сакаат и да бидат упорни, за да стигнат до резултатите кои дополнително ќе ги мотивираат да уживаат во нивните уметнички дела, бидејки прво тие ќе уживаат, а потоа и нивните следачи, истакна авторот Величковски.
 
Освен со експериментална фотографија, авторот досега има значајни остварувања во делот на хералдиката, коавтор е на грбот на претседателот, на грбот на МПЦ и е автор на дизајнот на почесната сабја од гардата на македонската Армија.
фотограми изложба
 
-Автор сум на десетина грбови на општини во Македонија, исто така имам авторско портфолио на лични и семејни грбови во делот на хералдиката. Исто така во тој дел неминовно припаѓаат и делата од вексиологијата, односно делата кои припаѓаат во науката која се занимава со креирање на знамиња, личн, семејни корпоративни и на инстицуии, додаде Величковски.
 
Методи Толевски, програмски директор на НУ Центар за култура „Н.Ј.Вапцаров" додаде дека ова е прва изложба од ваков тип во Делчево.
 
-Драго ми е што децата од гимназијата дојдоа во огромен број, авторот долго им објаснуваше како ги прави овие дела и се надевам дека ќе ја побуди нивната иновативност во креирањето на уметнички дела, додаде Толевски.
 
Досега оваа изложба, покрај во Делчево, претставена е пред граѓаните на Крива Паланка, Неготино, М.Каменица, а има уште неколку градови во најава кои чекаат да биде изложена. Авторот за во идниот период го најави и годишниот конкурс за карикатура, кој како дел од манифестацијата „Невестинско поклонение" ги обработува семејните односи со акцент на снаата и свекрвата.вс/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан