• недела, 22 декември 2024

Лидерот на Хезболах наводно прифатил примирје пред да биде ликвидиран во Бејрут

Лидерот на Хезболах наводно прифатил примирје пред да биде ликвидиран во Бејрут

Бејрут, 3 октомври 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Либан, Абдала Бу Хабиб, откри дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, прифатил 21-дневно примирје, предложено од САД и Франција, само неколку дена пред да биде убиен во силен израелски напад на Бејрут.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Бу Хабиб потврди дека Либан бил подготвен за примирје, по консултации со Хезболах и дека биле известени САД и Франција.

Тој додаде дека високиот советник на Белата куќа, Амос Хохштајн, требал да отпатува во Либан за почеток на мировните преговори, но изненадниот израелски напад ја сменил ситуацијата.

Покрај тоа, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во неделата изјави дека Иран одлучил да не возврати на убиството на лидерот на Хамас во Техеран, иако примирјето ветено од Западот било „целосно лажно“.

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи испратил предупредување до Насрала преку генерал Абас Нилфорушан, советувајќи го да ја напушти земјата поради сериозни закани по неговиот живот. 

Хамнеи го испратил високиот командант на иранската револуционерна гарда, бригадниот генерал Нилфорушан, лично да му ја пренесе пораката на Насрала. Во пораката се тврди дека израелските разузнавачи имаат агенти во Хезболах и планираат да го убијат Насрала. Нилфорушан беше со Насрала во бункерот кога израелскиот напад го погоди Бејрут, и двајцата беа убиени во тој напад.

Веднаш по смртта на Насрала, Хамнеи нареди одмазда. Околу 200 ракети беа истрелани кон Израел како одговор на израелскиот напад, Овој напад беше директен резултат на смртта на Насрала и генерал Нилфорушан. ссм/

фото: архива

Остани поврзан