• сабота, 04 мај 2024

Лидерот на СДСМ, Ковачевски во Рим на Изборниот конгрес на ПЕС

Лидерот на СДСМ, Ковачевски во Рим на Изборниот конгрес на ПЕС

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Димитар Ковачевски е во работна посета на Рим, каде на покана од претседателот на ПЕС, Стефен Ловен, ќе присуствува и ќе се обрати на Изборниот конгрес на ПЕС 2024, заедно со останатите лидери присутни на конгресот, соопштија денеска од СДСМ.

Годинашниот изборен конгрес на ПЕС се одржува под мотото „Европа што ја сакаме: социјална, демократска, одржлива“, а претседателот Ковачевски, како што е најавено, ќе се обрати на сесијата „Решенија за подобар квалитет на живот“.

Во рамки на посетата, планирано е претседателот Ковачевски да оствари и повеќе средби, меѓу кои и со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, шпанскиот премиер, Педро Санчез како и германскиот канцелар, Олаф Шолц.

При посетата на Рим, соопштија од партијата, претседателот Ковачевски ќе се сретне и со претставници од македонската дијаспора во Италија. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан