• сабота, 27 јули 2024

Лидерите од БРИКС денеска ќе одржат виртуелен состанок во врска со војната меѓу Израел и Хамас

Лидерите од БРИКС денеска ќе одржат виртуелен состанок во врска со војната меѓу Израел и Хамас

Кејптаун, 21 ноември 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и другите лидери на земјите-членки на БРИКС денеска ќе одржат виртуелен состанок за војната меѓу Израел и Хамас, на кој ќе учествува и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Лидерите на другите земји-членки на БРИКС, Бразил, Индија и Јужноафриканската Република (САУ), како и лидерите на Саудиска Арабија, Аргентина, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, кои се очекува да бидат примени во блокот во јануари, исто така ќе учествуваат на состанокот, соопшти кабинетот на јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса.

Рамафоса ќе претседава со „вонредниот состанок“ бидејќи ЈАР во моментов е ротирачки претседавач со БРИКС, додаде неговиот кабинет. Се очекува лидерите да се осврнат на „хуманитарната криза“ во Газа и најверојатно ќе усвојат заедничка изјава. ссм/

фото: архива

Остани поврзан