• среда, 01 мај 2024

Лидерите на Г7 разгледуваат нови санкции против Иран по нападот врз Израел

Лидерите на Г7 разгледуваат нови санкции против Иран по нападот врз Израел

Вашингтон, 15 април 2024 (МИА) – Лидерите на Групата седум размислуваат за нови санкции за ракетната програма на Иран, соопшти Белата куќа, по виртуелниот состанок со цел консултации за дипломатски одговор на нападот врз Израел.

- Голем дел од светот денес стои со Израел, изјави портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.

Во Г7 се САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Канада и Италија. Во консултациите на групата учествува и Европската унија. јт/

Фото: ЕПА (Германскиот канцелар Шолц за време виртуелниот состанок на лидерите на Г7 за нападот на Иран врз Израел)

Остани поврзан