• недела, 19 мај 2024

Шојгу наложи да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Шојгу наложи да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Москва, 1 мај 2024 (МИА) - Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наложи денеска што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина.

„За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што е соопштено, за време на состанок, рускиот министер за одбрана истакнал дека групите војници продолжуваат да ги извршуваат задачите на оперативните линии во согласност со планот за специјална воена операција и укажал на потребата од натамошно зголемување на набавката на оружје и воена опрема, пренесуваат руските медиуми. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан