• недела, 22 март 2026

Генерал на Револуционерната гарда назначен за привремен министер за одбрана на Иран

Генерал на Револуционерната гарда назначен за привремен министер за одбрана на Иран

Техеран, 2 март 2026 (МИА) - Генералот на Иранската револуционерна гарда, Маџид Ебнелреза е назначен за привремен министер за одбрана на Иран од страна на претседателот Масуд Пезешкијан, откако неговиот претходник беше убиен во американски и израелски напади.

„Со одлука на претседателот Масуд Пезешкијан, генералот на Револуционерната гарда, Маџид Ебнелреза е назначен за привремен министер за одбрана“, изјави портпаролот на претседателот во соопштение објавено на „Икс“.

Шефот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани објави на „Екс“ дека „Иран, за разлика од САД, се подготвил за долга војна“. Тој претходно ја отфрли можноста за преговори со САД. рп/ми/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан