Во Пакистан воведен полициски час поради демонстрациите против нападот врз Иран
- Пакистанските власти воведоа тридневен полициски час и распоредија војници во североисточните градови Гилгит и Скадрум откога неколку лица загинаа за време на демонстрациите поради убиството на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи
Исламабад, 2 март 2026 (МИА) - Пакистанските власти воведоа тридневен полициски час и распоредија војници во североисточните градови Гилгит и Скадрум откога неколку лица загинаа за време на демонстрациите поради убиството на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Неколку илјади демонстранти вчера ја нападнаа канцеларијата на Воено-набљудувачката група на Обединети нации, која го надгледува примирјето во регионот Кашмир. Демонстрантите запалија и полициска станица и оштетија едно училиште.
Покрај инцидентите во североисточниот дел на Пакистан, демонстрантите вчера упаднаа во конзулатот на САД во Карачи, јужен Пакистан. Полицијата одговори со солзавец и огнено оружје, при што загинаа 10 луѓе, а 50 се повредени.
Едно лице загина и во судирите со полицијата во Исламабад кога демонстрантите се обидоа да се упатат кон Амбасадата на САД. ми/
фото: МИА архива