• понеделник, 29 април 2024

Либискиот премиер отфрли секаква можност за нормализирање на односите со Израел

Либискиот премиер отфрли секаква можност за нормализирање на односите со Израел

Каиро, 1 септември 2023 (МИА) - Либискиот премиер ја отфрли можноста за нормализирање на односите со Израел неколку дена откако беше објавено дека министрите за надворешни работи на двете земји имале средба.

Минатата недела, министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, јавно објави дека тој и неговата либиска колешка Наџла Мангуш неодамна приватно се сретнале во Рим. Тоа беше прва средба на највисоките дипломати на Либија и Израел.

Следниот ден, либискиот премиер Абдул Хамид Дбејбах ја суспендираше министерката Мангуш и започна истрага за состанокот.

Нормализацијата на односите со Израел е забранета со закон од 1957 година во Либија, која е непријателски настроена кон таа земја и ги поддржува Палестинците.

„Го потврдуваме нашето отфрлање на каква било форма на нормализација“, рече Дбејбах на  министерскиот состанок.

Министерството за надворешни работи на Израел одби да ја коментира изјавата на либискиот премиер.

Средбата на министрите предизвика протести во неколку либиски градови и ја поттикна либиската министерка за надворешни работи да побегне во Турција поради стравувања за нејзината безбедност.  паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан