• понеделник, 20 мај 2024

Летонија и Канада потпишаа Договор за зголемување на трупите во балтичкиот регион

Летонија и Канада потпишаа Договор за зголемување на трупите во балтичкиот регион

Рига, 10 јули 2023 (МИА) – Канада и Летонија потпишаа Договор за зголемување на одбранбените баталјони во балтичкиот регион, изјави денеска летонскиот премиер Кришанис Каринш на заедничката прес-конференција со неговиот канадски колега Џастин Трудо.

- Пред една година на Самитот на НАТО во Мадрид, заедно одлучивме овие баталјони (во Летонија, Естонија, Литванија, Полска) да се зајакнат на ниво на борбено подготвена бригада. Пред неколку минути нашите министри за одбрана потпишаа заеднички пат мапа за тоа како и кога ќе се случи тоа (во Летонија), наведе Каринс,

Трудо истакна во Летонија ќе бидат распоредени дополнителни 1.200 канадски војници. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан