• среда, 24 јули 2024

Израелскиот претседател оцени дека одлуката на обвинителот на МКС е еднострана и безобразна

Израелскиот претседател оцени дека одлуката на обвинителот на МКС е еднострана и безобразна

Ерусалим, 20 мај 2024 (МИА) - Израелскиот претседател Исак Херцог денеска изјави дека одлуката на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да бара налози за апсење на израелските службеници поради војната во Газа е повеќе од срамота и охрабрува терористи ширум светот.

-Направен со лоша намера, овој едностран потег претставува унилатерален политички чекор кој ги охрабрува терористите ширум светот и ги крши сите основни правила на судот во согласност со принципот на комплементарност и другите правни норми, напиша претседателот на Израел.

Херцог напиша дека очекува таквиот чекор да биде осуден и отфрлен од сите лидери на слободниот свет.

Претседателот на израелскиот парламент (Кнесет), Амир Охана на отворањето на првата летна сесија изјави дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг му докажал на светот дека не е легитимен и смета дека тоа е скандалозна одлука. Според него одлуката на главниот обвинител на МКС, Карим Кан, го негира правото на Израел на самоодбрана, пренесоа израелските медиуми.

Кан рече дека верува оти Нетанјаху, Галант и тројцата лидери на Хамас, Јахја Синвар, Мухамед Деиф и Исмаил Ханије се одговорни за воените злосторства и злосторствата против човештвото во Појасот Газа и Израел. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан