• недела, 19 мај 2024

Легендарниот Бимон го понуди олимпиското злато на аукција

Легендарниот Бимон го понуди олимпиското злато на аукција

 

Њујорк, 31 јануари 2024 (МИА) – Поранешниот американски атлетичар Боб Бимон одлучи да го понуди на аукција својот златен медал од Олимписките игри 1968 во Мексико сити на кои со резултат од 8.90 метри постави светски рекорд во скок во далечина.

Аукциската куќа „Кристи“ очекува на утрешната аукција во Њујорк да добие понуди меѓу 370.000 и 5500.000 евра за медалот освоен со скок кој беше светски рекорд до 1991 година, кога на Светското првенство беше соборен од неговиот сонародник Мајк Пауел со прескокнати 8.95 метри.

„Имам 77 години и дојде време медалот да му го предадам на некој кој го цени спортскиот подвиг постигнат на 18 декември 1968 на Универзитетскиот стадион во Мексико сити“, изјави Бимон, одговарајќи на новинарско прашање за причините поради кои се одрекува од оваа престижна награда.

Бимон сега е активен на полето на музиката која ја напушти во тинејџерските години, бидејќи, како што рече“ „спортот тогаш беше над сè“.

Легендарниот атлетичар неодамна сними албум со џез, фанк и хип-хоп групата „Stix bones and the bone squad‘.

„Снимивме албум и многу се забавувам“, рече Бимон.

Албумот е насловен „Olimpik Soul“. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан