Легендарниот Баџо претепан и ограбен во сопствената куќа
- Роберто Баџо (57), еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња и добитник на Златната топка во 1993 година, бил претепан, ограбен и затворен откако провалници упаднале во неговиот дом додека го гледал натпреварот помеѓу Италија и Шпанија со своите семејството.
Алтавила Висентина, 21 јуни (МИА) - Роберто Баџо (57), еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња и добитник на Златната топка во 1993 година, бил претепан, ограбен и затворен откако провалници упаднале во неговиот дом додека го гледал натпреварот помеѓу Италија и Шпанија со своите семејството.
Полицијата соопшти дека во вилата на Баџо во Алтавила Висентина упаднале пет маскирани и вооружени напаѓачи.
Баџо се соочил со нив, а во конфликтот бил повреден. Локалните медиуми јавуваат дека тој подоцна бил примен во болница и морало да му се сошијат раните. Откако провалниците го совладале, Баџо и членовите на неговото семејство ги затвориле во плакар. Потоа им ги украле часовниците, накитот и другите вредни предмети.
Баџо подоцна успеал да се ослободи и да повика полиција, која сега го истражува случајот. дс
Фото: Принтскрин