• петок, 26 април 2024

Левица: Со 4 отсто доверба во судството, ни овие плати не ги заслужувате

Левица: Со 4 отсто доверба во судството, ни овие плати не ги заслужувате

Скопје, 20 март 2023Пратениците на Левица - Димитар Апасиев и Борислав Крмов, пред отпочнувањето на денешната 54 седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците (20 март 2023), поднесоа вкупно 2.400 амандмани на Предлог-законите за изменување на Законот за плати на судии и на Законот за плати на членовите на Судскиот совет на РМ, кои беа предложени од Владата, т.е. Министерсвото за правда - по скратена постапка.Сметаме дека со огромната и ноторна недоверба на граѓаните кон корумпираниот судски систем, со престорување на правосудството во фамилијарна професија заробена во стегите на непотизмот, класните привилегии и кронизмот - платите на судиите се најмалиот проблем во реформата на судскиот систем, која треба да биде радикална.Стоиме на ставот дека сè додека не се воведат суштински реформи во правосудството, кое ќе ги опфати проблемите кои се наталожени (на пример: трајниот мандат на судиите, нивната неоговорност за штета нанесена на странките, контоверзниот начин на избор во Академијата за судии и јавби обвинители, системот на кариерен развој во повисоки судови и сл.) - нема да дозволиме зголемување на бенефициите на оваа лесно расиплива сорта на луѓе, кои се приврзоци на секој неправеден систем.

 

Политичка партија Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан